Во еден квалитетен и неизвесен натпревар до самиот крај, избраничките на Благојче Весиќ забележаа триумф против своите врснички од Куманово. Конечниот резултат гласеше 24:22. Почетокот на мечот им припадна на црвено-црните, кои имаа константно водтсво, кое на моменти достигнуваше и позитива од пет голови. Како одминуваше времето, гостинките играа се подобро и стануваа рамноправен противник. На полувреме заминаа со еден гол предност 11:12.
Во вториот дел, Вардарки ја вратија играта и водството во своја корист. На теренот се водеше тешка борба за секој погодок. Сепак квалитетот на крај дојде до израз кај нашите ракометарки, кои успеаа да впишат нови бодови во лигата. Анастасија Николовска беше најефикасна кај Вардар, со седум постигнати голови.
До крајот на сезоната остануваат за одигрување уште два натпревари за младинската екипа. Противници се тимовите на Ѓорче и Металург.