Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > На денешен ден: Вардар „сребрен“, Грујовска ги помести границите, направи нешто неверојатно! На 15.год стана најдобар сениорски голман во Македонија
На денешен ден: Вардар „сребрен“, Грујовска ги помести границите, направи нешто неверојатно! На 15.год стана најдобар сениорски голман во Македонија

На денешен ден: Вардар „сребрен“, Грујовска ги помести границите, направи нешто неверојатно! На 15.год стана најдобар сениорски голман во Македонија

На денешен ден се случи нешто- Неверојатно, Грујовска со големо признание,  всушност сите факти за нејзината кариера се неверојатни, таа на само 15.годни го допра врвот на државно ниво, стана број еден голман во сениорска конкуренција. Вчера покрај сребрените медали од Купот на Македонија, од Куманово ракометарките на Вардар се враќаат со уште една награда – индивидуална. Симона Грујовска е прогласена за најдобар голман на турнирот. На денешен ден младиот состав на ЖРК Вардар кој ја „зазема“ позицијата на европските ѕвезди успеа да дојде до „сребро“ на Ф-4 турнирот од Купот на земјава чии домаќин беше екипата на ЖРК Куманово.

Сосема заслужено најмладата во нашиот состав, и најмладата голманка на целиот турнир дојде до награда. Таа блескаше на целиот Ф-4, а особено во финалето. Одбрани зрело, имаше само 15.години, а стана најдобар голман во сениорска конкуренција во Република Македонија. Факт пред кој останува само се искаже респект за еден ваков “бисер“ од вардаровата екипа. Тоа потоа го потврди и на други полиња, на истата возраст бранеше за младинската слекција на Македонија, беше прв голман на кадетската црвено-жолта екипа на ЕХФ Шампионатот во Италија. Круна на се беше повикот од Симовски за „А-селекцијата“ кога само што наполни 16 години.

Пехарот  за „Најдобар сениорски голма“ во рацете на најмладиот учесник

Пехарот за „Најдобар сениорски голма“ во рацете на најмладиот учесник

На Ф-4,  имаше неверојатни 24 одбрани, од кој седум за едно полувреме во полуфиналето и спектакуларни 17 во финалниот дуел.  Оваа младинска репрезентативка покажа дека е иднината на македонскиот ракомет и дека треба да се смета на неа и во иднина, доколку продолжи вака да напредува само небото е нејзиниот лимит.  Вистински спектакал беше финалниот дуел, таа не враќаше во моментите кога имавме негатива, со нејзините одбрани добивавме шанси за да се вратиме резултатски, одигра лидерски, па наградата беше очекувана и поздравена со ракоплескање од гледалиштето.

Тренерот Царчев и неговиот „пулен“ Грујовска по мечот

Тренерот Царчев и неговиот „пулен“ Грујовска по мечот

Нејзин ментор беше, и сеуште е  г-н Александар Царчев, кој секогаш и секаде во изјавите и интервјуата го потенцира како главен “виновник“ за нејзиниот молњевит напредок. Тој работи со неа откако таа дојде во црвено-црниот табор, Грујовска дојде како трт голман во пионерскиот состав и за кратко време стана најдобар сениорски голман во републиката.  Царчев е еминентен ракометен стручњак, можеби и најдобар во земјата кога станува збор за тренер на млади голмани, под негово менторство сите напредуваат, се разбира важен дел од мозаикот е нивниот талент и работата кои тие ја вложуваат.

Покрај фактот што таа е најмладиот учесник на теренот на Куп финале кој дошол до оваа престижна награда, најверојатно поради „корна вирусот“ и се поизвесното не одигрување на овогодинешниот Куп на Република Македонија најдолго ќе ја „поседува“ оваа награда се до идната 2021 година.

Видео од доделувањето на наградата, најдобар сениорски голман во Купот 2019: