Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прес пред почеток на сезоната во ЛШ за вардарки! Своите очекувања ги соопштија Дибирова, Радичевиќ и Нацева
Прес пред почеток на сезоната во ЛШ за вардарки! Своите очекувања ги соопштија  Дибирова, Радичевиќ и  Нацева

Прес пред почеток на сезоната во ЛШ за вардарки! Своите очекувања ги соопштија Дибирова, Радичевиќ и Нацева

Девојките од ЖРК Вардар во првото коло од групната фаза на женската ЕХФ Лига  во петок тргнуваат во нова мисија на освојување на Европа. Прв противник на црвено-црните  е тимот на ФТЦ Реил Карго од Будимпешта. Натпреварот е закажан за в петок во 19 часот во СЦ „Јане Сандански”. На денешната прес конференција пред овој дуел  свои видувања за истиот и новата сезона искажаа тренерот Дибирова, Радичевиќ и претседателот на Вардар, Нацева.

Напомена: Во тек е продажба на билетите за овој натпревар преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk.

Ирина Дибирова – тренер на Вардар
„Добро е што ја почнуваме Лигата на шампионите на домашен терен. Играме повторно против ФТЦ, а тие се добра екипа, еден од фаворитите за завршницата и Ф4 турнирот во Будимпешта. Имаат квалитетни играчи, минатата сезона загубивме бод на почетокот, затоа мора да дадеме се од себе за да ги израдуваме нашите навивачи.

Јованка Радичевиќ – капитен на Вардар
„ Позади нас е долг период на тренинг и напорен труд. Тешко е да тренирате секој ден, а да знаете дека ќе го одиграте првиот официјален натпревар дури по два месеци. ФТЦ ни зема бод минатата сезона н адомашен терен, сега повторно играме на почетокот против нив. Ќе биде психички тешко да се надигруваме поради значењето на првиот натпревар. Но, наша цел е да направиме чекор понапред од он ашто го постигнавме минатата година. Мора да одиме чекор по чекор, само со добар пристап и цврста одбрана може да се надеваме дека нема повторно да имаме проблем против силниот ФТЦ. Ги повикувам нашите навивачи да дојдат во петок во „Јане Сандански”, не е мала работа да играме на високо ниво петта сезона во Лигата на шампионите, се надевам дека тоа ќе го ценат.

Гордана Нацева – претседател на Вардар
Вардар е на прагот на петта сеона во Лигата на шампионите, единствени сме кои петти пат ќе се обидеме да играме на завршниот Ф4 турнир. Се надеваме дека повторно ќе ја нападнеме титулата. Костурот остана ист и покрај неколку нови играчи кои ни се приклучија, а тоа е добра основа за надоградување и дава надеж дека може повеќе. Имаме вистински засилувања на позициите кои ги напуштија ракометарките минатата сезона. Планот на клубот и сопственикот е вклучување на ракометарки од нашиот погон како Теодора Керамичиева и Јована Мицевска, како и македонски ракометарки- репрезентативки Јована Саздовска и Мирјета Бајрамовска. Исто така во стручниот дел ни се приклучи Парондо, кој се надевам дека ќе придонесе во анализата и подготовката на натпреварите