Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Изненадувачки, нема ракометарка од Вардар, во изборот на ЕХФ за најдобар играч во 2017 година
Изненадувачки, нема ракометарка од Вардар, во изборот на ЕХФ за најдобар играч во 2017 година

Изненадувачки, нема ракометарка од Вардар, во изборот на ЕХФ за најдобар играч во 2017 година

Интересно во изборот за најдобра Европска ракометарка за 2017 година, нема играч од екипата на Вардар. ЕХФ номинираше девет ракометарки, но меѓу нив ниедна нема од редовите на Еропскиот вицешампион. Кристина Неагу, Анита Горбич, Мелине Ноканди, Каролина Кудлач-Глоц, Аманда Куртовиќ, Катарина Булатовиќ, Нора Мерк, Ана Грос и Ивета Лузумова ќе се борат за признанието “најдобра Европска ракометарка“. Иако Вардарки играа во големото финале и оваа полусезона се единствената екипа која се уште нема пораз во Лигата на Шампионите, сепак тоа не беше доволно за ЕХФ да номинира во овој избор, играч на црвено-црните.

 

ehf-izbor