Денес во спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје младинките на Вардар во дербито од лигата ја пречекаа екипата на ЖРК Куманово. Девојките на Симовски Симе и Александар Царчев одиграа реми, 27-27 и ги поделија бодовите.
Првиот дел започна со резултатска симетрија, постојано едниот тим победуваше, а другиот изедначување. Ние успеавме да се одлепиме на плус четири, 11-7. Потоа имавме пад во играта па кумановки изедначија на 15-15, резултат со кој заминавме на одмор. Во вториот дел поведовме со три гола, 21-18,но ривалот се врати и изедначи на 23-23. Се до последната минута кога влеговме со резултат 27-27. Голема прилика за победа имаше Андреа Седлоска која за жал на 11.секунди до крајот од пенал промаши, односно шутна крај рамката на голот.
Илиќ Андреа имаше 8 одбрани, Седлоска погоди 7 пати, Николиќ даде 5 гола, Трпевска имаше 4 погодока.