Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Slider > Марко Кизиќ со 14 одбрани донесе победа за Вардар во дербито со Металург
Марко Кизиќ со 14 одбрани донесе победа за Вардар во дербито со Металург

Марко Кизиќ со 14 одбрани донесе победа за Вардар во дербито со Металург

По тешка борба во С.Ц. Борис Трајковски, екипата на Вардар успеа да слави минимална победа (26:27) во дербито на СЕХА-лигата.

Вардар подобро го започна натпреварот кога поведе со 1:3 и тоа со сите погодоци кои беа дело на Кристијан Дисингер. Тренерот Парондо започна со младиот голман Кизиќ, во нападот играаа Кисељев, Карачиќ, Дисингер, Калараш, Поповски и Недановски. Имавме контрола на играта се до средината на првото полувреме, кога стигнавме и до највисоката предност од четири голови разлика (4:8). На голот одличен беше и Марко Кизиќ, кој имаше и одбранет удар од седум метри.

47494241_10157608784230348_1099457249195065344_n

Сепак во продолжение од мечот голем пад во нашата игра, кој го искористи тимот на Металург кој постепено ја топеше нашата негатива, а до крајот на првиот дел успеа да го превземе и водството. Парондо доста ротираше во нападот, шанса им даде и на Скубе, Кристопанс и Војводиќ, но немавме добра реализација во нападот. Првото израмнување се случи во 21 минута кога погоди поранешниот играч на Вардар, Јагуриновски за 9:9. Црвено-црните погодија во реализираа во следниот напад преку Скубе, но домашниот тим направи серија од 3:0 и успеа да поведе со 12:10. До крајот на првиот дел избраниците на Брестовац ја задржаа позитивата од два гола и на одмор заминаа со водство од 13:11. Дисингер кој по 10 минути игра имаше четири голови, беше повлечен од игра и не влезе до крајот на првите 30 минути, на голот повеќе од солиден беше Марко Кизиќ кој имаше 7 успешни интервенции.

Голманот на Металург, Даниловски беше еден од креаторите за пресвртот, а успешно продолжи да брани и во вториот дел кога спречи удари на Кисељев, Дисингер и Поповски. Тоа го искористија неговите соиграчи и по пет минути игра го зголемија водството на 15:12. Далеку беше Вардар од онаа игра која сме навикнати да ја гледаме во Лигата на Шампионите, нова изгубена топка, во контра напад погодува Токиќ за веќе 16:12 во 36 минута од мечот. Ниту три одбранети чисти зицери на Кизиќ не беа мотив за играчите на Вардар да го намалат резултатот, кои продолжија со слабата реализација во нападот. Конечно добри минути за нашиот состав кој прави серија од 0:3 и намалува на само еден гол разлика (16:15). Повторно се одлепи Металург на три гола позитива (20:17) во 47 минута од натпреварот. По подолго време видовме израмнување, откако погоди Чупиќ од пенал. Нова вкупно 13 одбрана за голманот на Вардар, Марко Кизиќ кој имаше повеќе одбрани од двата голмани на Металург. Нова одлична феноменална одбрана на младиот и надежен голман на Вардар, кој му брани удар на Шпенде, вкупно 14 за Кизиќ. Тоа го искористуваме максимално правиме серија од 0:3 и поведуваме со 23:25. Повторно неизвесност откако му дозволивме на Миличевиќ да постигне два гола од пикер и да израмни на 25:25. Сепак црвено-црните подобро се снајдоа во финишот и славеа победа со резултат 26:27. Домаќинот не успеа да реализира напад за израмнување.

 По 5 голови за Вардар постигнаа Дисингер, Чупиќ  и Кристопанс. Херој во триумфот е младиот Кизиќ со 14 успешни одбрани, повеќе од двата голмани на Металург кои завршија со 11 интервенции. На овој меч настапивме без Стоилов, Гедбан и Дибиров, додека на голот како што напоменавме 60 минути беше Марко Кииќ. Ова е осма победа за Вардар во СЕХА-лигата.