Екипата на Будуќност е нареден противник на Вардар во ракометната Лига на шампиони. Шампионот на Црна Гора е свесен дека во Скопје го очекува многу тежок натпревар, за тоа говореше и ракометарката на Будуќност, Дијана Ујкиќ која изјави:
“Го знаеме Вардар како „дише“. Никој во Лигата на шампионите не е толку квалитетен како нив. Имаат одлични две постави на играчи. Но, ние нема да се исплашиме. Свесни сме кој е пред нас, но свесни сме и ние што имаме, а нема никој во Европа. Ќе не напаѓаат одлични ракометарки” , изјави Ујкиќ.
Натпреварот меѓу Вардар и Будуќност се игра в сабота од 15.00 часот.