Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Сара Стефаноска е „МВП” на кадетскиот Ф-4, Борјана Коцева и Бојана Радевска се најдоа во идеалниот тим
Сара Стефаноска е „МВП” на кадетскиот Ф-4, Борјана Коцева и Бојана Радевска се најдоа во идеалниот тим

Сара Стефаноска е „МВП” на кадетскиот Ф-4, Борјана Коцева и Бојана Радевска се најдоа во идеалниот тим

Вчера ја пренесовме веста која се покажа како најчитана за вчерашниот ден, пионерките на Вардар повторно блеснаа и се себенадминаа. Успеаа во кадетска лига да дојдат до шампионска круна, тие во повозрасна категорија издоминираа. Не беше лесен патот до врвот, сепак го изодеа. Во полуфиналето на пенали го совладаа Шампион, а во големото финале беа подобри од Металург. Стандардно ние победувавме според филозофијата на нашиот стручен штаб, со колективна и тимска игра на вардарки.

Голема беше радоста, вардарки заслужено го добија пехарот и златните медали блеснаа на нивните гради. По крајот на дуелот и примањето на златните медали, беа доделени и личните признанија. Во идеалниот тим речиси половина се вардарки, односно три. Покрај тоа го имаме и најдобриот играч на турнирот-МВП наградата заврши во раце на девојка од составот на Анжела Платон и Марија Папуџиева.

vardarfans-sara-stefanoska1

Најдобар играч на целиот турнир воедно и лев бек во ол стар тимот беше вардарката, Сара Стефаноска. Станува збор за одличен играч кој ова зимо се приклучи на тимот. Таа е “производ„ на Вардар Јуниор лигата каде вакви награди и беа секојдневие. Дури четири пати беше најдобар играч во таа конкуренција, ова е петта нејзина МВП-награда. Таму беше “one man show“ , овде насочена правино од тренерите стана одличен тимски играч кој дава максимум. Стефаноска успеа да се адапира на тимот иако започна покасно и  блесна на овој завршен турнир каде оправдано дојде до овие признанија. Нејзиниот квалитет е одамна познат и прашање на време беше кога ќе се валоризира нејзииниот придонес во играта на црвено-црните дами. Браво, Стефаноска.

a2-2
Борјана Коцева е прогласена за најдобар десен бек, оваа девојка како што неколку пати потенциравме има најголем напредок оваа пролет. Чим започна пролетниот дел во кој со оваа победа во финалето дојдовме до 16 победи од 16 дуели таа почна да покажува далеку понапредна игра. Борјана од “сенка“ почна да прераснува во еден од лидерите на тимот, безпоштеден борец, покрај големиот број на погодоци кои често ги постигнува и со себежртување на влез помеѓу „чуварите“, голем број на пенали се направени токму над неа. Од меч во меч раснеше како играч, особено знае да преземе одговорност и да го врати тимот кога има надолна линија,  дојде најтешкиот “тест“ кадетскиот Ф4 и покажа дека потенцијалот во неа е огромен. Овој кадетски Ф-4 беше како создаден за потврдување на нејзиниот напредок и квалитет како стимул за есенските предизвици. Пред неа како и пред сите други е многу работа, сепак има х-фактор кој доаѓа се покажа оваа пролет. Кај неа сите фази на напредок се евидентни: физичкиот, техничкиот и интелигениот. Честитки за наградата, на ова таленирана и храбра ракометарка.

a-2
Место во идеалната постава имаше и десното крило на црвено-црниот тим, Бојана Радевска. Млада и талентирана девојка која перфектно ги извршува своите задачи во дефанзива и во офанзива. На овој Ф-4 турнир блесна во вистински сјај, во драматичното полуфинале погоди дури 6 пати, одлична партија имаше и во финалниот дуел кога секоја топка беше пресудна, а нејзината рака беше мирна и прецизна. Сосема заслужено го понесе признанието кое и беше доделено од организаторот на овој Ф-4 турнир во кадетска конкуренција. Погоди вчера дури 11 пати, факт кој е за секоја пофалба за играч од бочна позиција. Ова крило е голем потенцијал, со вредна работа под менторство на тренерскот двоец Платон-Папуџиева има голем простор за нејзин напредок.