Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Slider > Трофеј во Купот и вицешампионско место за младинците на ФК Вардар, Мустафа Јусуф е најдобар стрелец
Трофеј во Купот и вицешампионско место за младинците на ФК Вардар, Мустафа Јусуф е најдобар стрелец

Трофеј во Купот и вицешампионско место за младинците на ФК Вардар, Мустафа Јусуф е најдобар стрелец

Младинците на ФК Вардар се вицешампиони во младинската-супер лига, за натпреварувачката сезона 2018/19. Екипата која имаше можност да работи со два тренери сезонава, на крајот мораше да се помири со освојување на првото место. Во есенскиот дел, Ане Андовски беше тренерот кој работеше со младинците, додека во пролетниот дел екипата ја превзеде Сашо Тодоровски. Најголем дел од прашањето околу шампионот во младинската супер лига беше решено во есенскиот дел, кога екипата на Шкендија имаше предност од осум бодови во однос на Вардар. Двата порази во дуелите со тетовскиот тим и нерешениот резултат против Македонија Ѓ.П, ја направија споменатата разлика, која на крајот се покажа како пресудна околу освојување на првото место. Во пролетниот дел, младинците предводени од Рап-Тап остварија максимален број на освоени бодови, односно на 13 одиграни натпревари имаа исто толку победи, а ако се земат во предвид и трите натпревари во Купот кои ги добивме, тоа значи дека црвено-црните одиграа без грешка. На 27 одиграни натпревари забележавме ѝ24 победи, 1 нерешен резултат и 2 порази. На крајот Шкендија заврши како прва со само два бода повеќе од Вардар, додека тетовскиот тим сите шест бодови кои сезонава ги загуби, беа во последните две кола, кога и беше решен шампионот на Македонија. Само еден гол ни недостасуваше до „јубилејната“ бројка од 100 погодоци, односно постигнавме 99 голови, додека примивме 17 голови.

430

Ова се сите постигнати резултати за младинскиот состав на Вардар во оваа сезона: 

1 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  5:1

2 коло: Шкендија – Вардар  2:1

3 коло: Вардар – Ренова  4:0

4 коло: Вардар – Работнички  2:1

5 коло: Акад. Пандев – Вардар  1:3

6 коло: Вардар – Шкупи  2:1

7 коло: Брегалница – Вардар  0:2

8 коло: Вардар – Победа  5:0

9 коло: Њу Старс – Вардар 0:5

10 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар  1:1

11 коло: Вардар – Шкендија 2:3

12 коло: Ренова – Вардар  0:2

13 коло: Работнички – Вардар 1:2

14 коло: Вардар – Акад.Пандев  3:0

15 коло: Шкупи – Вардар  1:3

16 коло: Вардар – Брегалница  9:0

17 коло: Победа - Вардар 0:8

18 коло: Вардар – Њу Старс  4:0

19 коло: Вардар – Њу Старс  5:1

20 коло: Брегалница – Вардар 0:8

21 коло: Вардар – Победа  8:2

22 коло: Ренова – Вардар  1:3

23 коло: Вардар – Работнички  2:0

24 коло: Шкупи – Вардар  0:1

25 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  1:0

26 коло: Вардар - Акад. Пандев  5:0

27 коло: Шкендија – Вардар  1:3

Вардар успеа да освои трофеј сезонава и тоа во Купот на Македонија, каде во големото финале ја совладавме екипата на Шкендија и тоа убедливо со резултат 4:0. Претходно немавме некои поголеми проблеми за пласман во финалето. Каков беше патот на младинците до трофејот во Купот:

1/8 финале: Вардар – Струга Трим Лум  14:0

1/4 финале 1 меч: Вардар – Македонија Ѓ.П  5:1

1/4 финале 2 меч: Македонија Ѓ.П – Вардар  1:2

1/2 финале 1 меч: Вардар – Работнички  2:1

1/2 финале 2 меч: Работнички - Вардар 0:1

5111

ФИНАЛЕ: Вардар – Шкендија  4:0

Мустафа Јусуф е најдобар стрелец за младинскиот состав во оваа натпреварувачка сезона. Со оглед дека Џемал Ибиши во најголем дел од пролетниот дел беше со првиот тим, падна на втората позиција. При пресметување на бројот на голови, ги земаме во предвид погодоците во лигата и купот. Вака изгледа на листата на стрелци. 

1. Мустафа Јусуф  23

2. Џемал Ибиши  19

3. Давид Велковски  15

4. Фитор Реџепи  11

5. Александар Младеновски, Јакуп Бериша по  8

6. Александар Ѓорѓиески 7

7. Стефан Наумчески, Антонио Божиноски, Бојан Димоски по 4,

8. Марко Тасев, Филип Антовски по 3

9. Виктор Пешевски, Азер Омерагиќ, Али Адем,Марко Стојчески по 2

10. Медија Кртовци, Мартин Радуловиќ-Величковиќ, Алекс Талески, Јовица Радевски, Марио Младеновски по 1