На сила е зимската пауза во клупскиот ракомет во земјава на сите нивоа. Двете млади екипи на ЖРК Вардар кои играат во три младински конкуренции се на пауза. Тимот на Платон и Папуџиева заминаа како лидери во пионерската и кадетската конкуренција на одмор, младинските се втори на табелата.
Според начелниот распред за продолжување на сезоната кај пионерските и младинките истата ќе започне на крајот од февруари (29.ти) или првиот ден од март. Тие ќе започнат први со одигрување на новите кола, кај помалите се бориме за пласман на Ф-4, кај поврозрасните за лидерска позиција која носи пехар. Кадетската лига започнува дури некаде околу половината на април, односно првото коло е закажано за 11/12.април. Ова се паровите за првите пролетни кола:
Пионерки: Вардар-Велкова 5
Кадетки: Ѓорче Петров-Вардар
Младинки: Вардар-Чаир