Денес својот 20-ти роденден го слави средниот бек на женскиот црвено-црн сениорски тим, Ана Марија Божиновска. На вардаровата 10-ка и го честитаме истиот, и посакуваме многу успех со светиот клуб на трите фронта оваа пролет, здравје и одлични игри.
Беше дел од сите успеси во изминатата година, кога вардарки дојдоа до Куп финале, одлични игри има и оваа есен кога е во топ-5 делот на најдобри стрелци. Таа е прва вардарка која ја комплетираше втората декада од животот, највозрасна е и често е пример со однесувањето на теренот за младите колешки.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АНА МАРИЈА!