Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Стартни победи за Кисела Вода и Кале од Кичево, на женскиот дел на турнирот, кај генер. 2006/07
Стартни победи за Кисела Вода и Кале од Кичево, на женскиот дел на турнирот, кај генер. 2006/07

Стартни победи за Кисела Вода и Кале од Кичево, на женскиот дел на турнирот, кај генер. 2006/07

Денес стартуваше четвртото издание на ракометниот турнир “Вардар, еден живот, една љубов“ за генерацијата родени 2006/07 година. Во женскиот дел екипите се поделени само во една група. Учесници се: РК Опш.К Вода-Вардар, РК Будимир – Вардар, РК Кале – Вардар, РК Ѓорче Петров – Вардар и ГРК Гостивар – Вардар                                    

Турнирот го отворија екипите на Кисела Вода и РК Будимир. Уште од самиот старт на натпреварот, Кисела Вода имаше предност кога поведе со 3:0. Оваа позитива ја одржуваа до крајот на првиот дел, кога резултатот гласеше 6:3. Во вториот дел, екипата на Будимир не успева интересно да постигне ниту еден гол, додека Кисела Вода имаше седум погодоци во нивната мрежа, за конечен резултат од 13:3.

3

На вториот натпревар во групата се сретнаа екипите на Кале од Кичево и Ѓорче Петров од Скопје. Дуелот им припадна на РК Кале, кои славеа со резултат од 7:9. После нерешени 3:3, екипата од Кичево со два последователни голови го заврши првото полувреме, со резултат од 5:3. Заслужен триумф за избраничките на Ѓоко Маркоски кои во два наврати во вториот дел имаа предност од три голови (7:4 и 8:5). Иако се обиде Ѓоче Петров кој е предводен од Владимир Радиќ да ја стигне предноста на противникот, сепак немаше многу време за такво нешто, за на крајот Кале да слави победа.

Слободна во ова прво коло беше екипата на ГРК Гостивар.