ЖРК Вардар денеска ќе го одигра и второто коло од ЕХФ лигата на шампионките. Нашиот тим денеска ќе биде домаќин на германскиот преставник, тимот на Лајпциг. Во нашиот тим се враќа Андреа Кликовац, а ќе недостасува Лакрабер.
Состав: Алтхаус, Човиќ, Дамњановиќ, Херем, Илина, Кликовац, Хмирова, Лазовиќ, Лејно, Мавсар, Пенезиќ, Песоа, Радичевиќ, Ристовска и Суслина.