Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ДОЈДЕ ДЕНОТ ЗА ЕВРОПСКА ТИТУЛА, ВАРДАРКИ СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ЈА ПОМИНАТ ПОСЛЕДНАТА ПРЕЧКА И ДА ИСПИШАТ ИСТОРИЈА
ДОЈДЕ ДЕНОТ ЗА ЕВРОПСКА ТИТУЛА, ВАРДАРКИ СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ЈА ПОМИНАТ ПОСЛЕДНАТА ПРЕЧКА И ДА ИСПИШАТ ИСТОРИЈА

ДОЈДЕ ДЕНОТ ЗА ЕВРОПСКА ТИТУЛА, ВАРДАРКИ СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ЈА ПОМИНАТ ПОСЛЕДНАТА ПРЕЧКА И ДА ИСПИШАТ ИСТОРИЈА

Дојде денот за Вардарки кога треба да го одиграат својот најдобар натпревар, меч на кариерите на ракометарките кои треба да донесат прва Европска титула за клубот и да испишат историја за Вардар, за себе и за македонскиот ракомет. Ѓер е последната пречка до тронот на Европа, а за да се помине треба да се одигра максимално сконцентрирано и борбено во текот на сите 60 минути.

Иако се најавуваше дека Шампионот на Унгарија на овој завршен турнир ќе пристигна без својот најдобар играч, се работи за репрезентативката на Норвешка, Нора Морк која поради повреда подолго беше отсутна од терените, сепак таа беше во конкуренција за полуфиналниот дуел против романките, но не влезе во игра. Истото важи и за уште една репрезентаивка, но на Унгарија, се работи за средниот бек, Сузана Томори, која дефинитивно нема да настапи во денешното финале. Иако претходно се шпекулираше за повреди на Грот и Офтедал, тие беа во ссотавот на вчерашното полуфинале против ЦСМ Букурешт, а беа и најдобри стрелци заедно во Ѓер заедно со Анита Горбич. Се врати и поранешната вардарка, Ања Алтхаус, која успеа да постигне еден гол во полуфиналето. Што се однесува до меѓусебните натпревари на Вардар и Ѓер, тие досега одиграа вкупно пет, а подобар скор има противникот, кој забележал тгри победи, една е за црвено-црните, додека во еден наврат одигравме со нерешен резултат. Ова ќе биде реприза на финалето од минатата сезона, кога во Будимпешта славеше Ѓер дури по продолженијата од по пет минути и тоа минимално со резултат 31:30, откако во регуларниот дел, мечот заврши со нерешен резултат (26:26). Вардар успеа да го елиминира Ѓер во четврфиналето од Лигата на Шампионите, тоа беше пред три години, кога во Јане Сандански славевме со резултат 24:18, додека на реваншот во Унгарија, мечот заврши нерешено 27:27. Истата сезона се сретнавме и во групната фаза, кога двата натпревари му припаднаа на тимот на Ѓер.

Во вчерашното полуфинале против Ростов-Дон блескаше голманката на Вардар, Амандин Лејно која запиша 16 одбрани, додека најефикасни во нападот, беа Лекиќ и Пенезиќ кои постигнаа по 7 голови. Токму од нив се очекува најмногу во денешното финале, како и од Цвијиќ која вчера беше “тивка“ и не успеаа да се запише во листата на стрелци. Ова е последен натпревар за генерацијата на ракометарки, кои овие пет сезони ги бранеа боите на Вардар, последна шанса да се стигне то титулата и на најдобар можен начин да се простат од клубот и од навивачите. На вчерашното полуфинале покажаа дека се дојдени во Будимпешта со само една и единствена цел, а тоа е да се вратат во Скопје со трофејот и да го доживеат пречекот на ракометарите од минатата година, кога илјадници луѓе на улиците на Скопје ги поздравија новите Европски шампиони. Се надеваме дека тоа ќе се случи и повтори во текот на утрешниот ден, кога Вардарки треба да пристигнат во Скопје. На денешното финале, кое својот почеток го има од 18:00 часот ќе пресудат пред се поголемата желба за победа, мотивот и концентрацијата во текот на целиот меч, како и некои ситни детали, моменти на среќа и.т.н. Кој ќе биде подобар, поборбен и посреќен, тој на крајот ќе се радува на скапоцениот трофеј од ЛШ. Ние силно веруваме дека тоа ќе биде нашиот Вардар, за кој ова ќе биде прва историска титула за женскиот клуб.

Цела Македонија е со вас, сета среќа им ја даваат на црвено-црните, кои треба да го надиграат Ѓер и на крајот сите заедно да славиме, атмосфера која ќе продолжи до крајот на денот, како и во текот на утрешниот ден. ИГРАЈТЕ ОД СРЦЕ ЗА ВАРДАР. ОДИМЕ НА ТИТУЛА.