Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Нема реприза, оставете го срцето на терен и донесете ни ја титулата во Скопје!
Нема реприза, оставете го срцето на терен и донесете ни ја титулата во Скопје!

Нема реприза, оставете го срцето на терен и донесете ни ја титулата во Скопје!

ЖРК Вардар нема да има право на реприза! Вардар е на само 60. минути од големата титула, но и од последните 60. минути во дресот на Вардар.

Има ли поголем мотив од ова? Нема! Денеска девојките на Вардар се подготвени и веруваме дека ќе го остават срцето на терен, ќе изгинат за овие свети бои и потоа сите ќе се радуваме и ќе им приредиме неверојатен спектакл на Плоштадот во Скопје. Навивачите од сите градови се спремни, само чекаат знак и да почнат да слават по скопските улици.

Нема изговори, нема втора шанса – едноставно титулата овој пат мора да дојде во Скопје, бидејќи кога повторно ќе имаме ваква шанса е непознато, можеби за долги години..

Напред девојки, срце на терен!