Викендов на програмата е новото коло во женската ракометна Супер лига. Нашиот втор сениорски колектив екипата на Вардар СЦЈС е домаќин во истото, ние ја пречекуваме екипата на ЖРК Гевгелија од истоимениот град на југот од земјата.
Овој наш домашен дуел на избраничките на Симе Симовски е закажан за во недела на 9-ти април. Ние ќе ги пречекаме гевгеличанки во малата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“.Натпреварот ќе започне со почеток во 12-00 часот, влезот е стандардно слободен. Вардар е апсолутен фаворит во овој дуел, а ние во истиот влегуваме од втората позиција со 45 бода. Нашиот противник има само 12 бода и се наоѓа на петтата позиција на табелата во женската Супер ракометна лига. Во оваа сезона игравме двапати со овој противник и во двата дуела однесовме триумфи. Во првиот дома победивме со 35-18, во вториот дуел на гостински терен кој беше наш последен натпревар во 2016година, на истиот триумфиравме со 22-29.