Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски го објави поширокиот список на репрезентативки на чии услуги ќе смета за двомечот со Словенија за пласман на СП 2019 во Јапонија. Тренерот на Вардар и селектор на црвено-жолтите од вардаровиот тим повика две ракометарки: Милица Николиќ и дебитантот во оваа конкуренција Ивана Џатевска.
Составот е комбинација на стандардни репрезентативки, но и на ракометарки на кои Симовски ќе смета во иднина.