Десното крило на ЖРК Вардар СЦЈС и Македонската репрезентација, Наташа Нолевска е нов член на екипата на Виборг од Данска. Таа беше најефикасна ракометарка на Вардар СЦЈС, која во новата сезона ќе го носи дресот на најтрофејниот женски клуб во Данска.
-Го одбрав Виборг, како клуб со голема традиција и го следам од многу мала. Тоа е тим што има освоено 14 шампионски титули во Данска и три европски титули, што беше голема мотивација за мене. Сонувам да освојам медали со мојот нов тим.
После Симона Стојановска, Нолевска е втора ракометарка која го напушта клубот и се решава својата среќа да ја побара во клуб надвор од Македонија.