Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар се засили со пикер од Металург, Јана Паковска нов играч
ЖРК Вардар се засили со пикер од Металург, Јана Паковска нов играч

ЖРК Вардар се засили со пикер од Металург, Јана Паковска нов играч

Денес, ЖРК Вардар го имаше првиот трениг во комплетен состав по крајот на одморот на девојките кои беа на ЕХФ Шампионатот. На 11 девојки кои работеа од 7.август им се приклучија нови десет ракометарки кои имаа обврски кон кадетската селекција. Се работеше во сала, Ристова, Црвенковска и Царчев ги подготвуваа девојките.

jana3

Како што вчера известивме вчера оваа година Мими Петковска нема да биде дел од Вардар, таа замина во Металург. Денес во обратен правец од сино-белиот тим донесовме засилување. Станува збор за младата и таленирана Јана Паковска. Таа е пикер, на самиот тренинг веднаш со Џатевска Ивана и Катерина Дамјановска кои играат на иста позиција Ристова состави пеколен централен дефанзивен „ѕид“.

Новото засилување е родено 2003 година, станува збор за корпулентен играч, со извондредна енергија. Таа својата ракометна приказна ја започнува во Велкова-5, потоа минува во тимот на Ѓорче. Следна дестинација и последна пред преминот во Вардар и е Металург, таму беше дел од пионерската и кадетската екипа. Дефинитивно Јана е одлично засилување за црвено-црните.

jana

ДОБРО ДОЈДЕ ЈАНА!!!