Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Митјиланд е неприкосновен на гостински терен, втор последователен триумф во Данска за противникот на вардарки во ЛШ
Митјиланд е неприкосновен на гостински терен, втор последователен триумф во Данска за противникот на вардарки во ЛШ

Митјиланд е неприкосновен на гостински терен, втор последователен триумф во Данска за противникот на вардарки во ЛШ

Екипата на Митјиланд со две последователни победи во првенството на Данска, ќе допатува во Скопје, во рамките на реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на Шампионите.

Митјиланд стигна и до вториот последователен триумф во националното првенство и повторно издвојуван на теренот на противникот, овој пат совладана беше екипата на Силкеборг. Слично како и на минатиот дуел со Есбјерг, така и овој против Силкеборг, лошо го започна тимот на Митјиланд, кој по пет минути игра имаше негатива од 4:1. За момент, гостинскиот тим намали на 4:2, но следеше серија на Силкеборг кој постигна четири последователни голови и зголеми на највисоки 8:2. Сепак следеше период кога Митјиланд направи целосен резултатски пресврт и тоа со голема серија од 1:12, успеваат не само да ја превземат предноста, туку и да стигнат до четири гола позитива (9:13). До крајот на првиот дел само растеше нивната предност и по истекот на првите 30 минути, резултатот гласеше 11:17.

Во второто полувреме гледавме мал број на голови, а Митјиланд имаше постојано предност и контрола на резултатот. Во моментите кога Силкеборг намали на 15:20 и кога се мислеше дека домаќинот може да се врати во игра, Митјиланд направи нова серија од 0:4 и зголеми на 15:24. До крајот се чуваа силите за дуелот со Вардар, за конечниот резултат да гласи 21:27.

За разлика од минатиот натпревар, за овој дуел во составот се вратија Кристиансен која постигна седум голови, додека Бургард беше стрелец на три погодоци.