Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар стигна и до петтата последователна победа во лигата, Спартак беше лесен „залак“ за разиграните вардарки
ЖРК Вардар стигна и до петтата последователна победа во лигата, Спартак беше лесен „залак“ за разиграните вардарки

ЖРК Вардар стигна и до петтата последователна победа во лигата, Спартак беше лесен „залак“ за разиграните вардарки

Екипата на ЖРК Вардар стигна до уште една лесна убедлива победа во рамките на Супер Женската Лига од групата Б. Во спортската сала на „ОУ Круме Кепески“ вардарки дојдоа до висока победа на гостувањето кај екипата на Спартак. Конечниот резултат на овој нерамноправен натпревар гласеше 20:51, ова е петта победа во исто толку одиграни дуели.

Целиот натпревар помина во знакот на нашите девојки кои имаа контрола на резултатот во текот на целиот натпревар. Екипата на Спартак само на стартот од натпреварот успеа да поведе со 2:1, додека последната резултатска неизвесност беше при резултат 4:6, по што следеше серија за избраничките на Драгана Ристова од 0:7 за висока предност од 4:13, по што беше познато во каков тек ќе тече натпреварот. Набрзо стигна и двоцифрена предност за составот на Вардар кога резултатот гласеше 5:15, додека до крајот на првото полувреме, екипата на Вардар го зголеми водството на 10:23.

Домашниот тим на Спартак немаше шанси ниту во второто полувреме, период во кој исто така постигна десет голови, но вардарки беа поефикасни од првото полувреме и постигнаа 28 голови. Ристова им даде шанса за настап на сите ракометарки кои имаа свој придонес во високата победа, која ниту во еден момент не беше загрозена, прашање беше само со каков резултат ќе заврши натпреварот.

 Најефикасна во составот на Вардар беше Бојана Коцева со 9 голови, додека Сара Миновска постигна 8, Бојана Диневска и Катерина Дамјановска имаа по 6 голови. Имавме расположение голмани вкупно сопраа 20.топки, односно имаа 50% ефикасност. Младата Вероника Ѓорѓиеска повторно беше двоцифрена сопра 13.удари, Илиќ сопре 7.топки.