Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Радичевиќ: Нека на наредниот меч бидат повеќе луѓе на трибините, нема уште долго да сме заедно
Радичевиќ: Нека на наредниот меч бидат повеќе луѓе на трибините, нема уште долго да сме заедно

Радичевиќ: Нека на наредниот меч бидат повеќе луѓе на трибините, нема уште долго да сме заедно

Денес  во С.Ц. Јане Сандански се сретнаа  екипите на Вардар и Будуќност во дуел од главната фаза во Лигата на шампионките. Црвено-црните избранички на Ирина Дибирова во дуел во кој целосно доминираа над црнагорскиот тим триумфираа со резултат 31-24 (19-8).

По натпреварот на прес-конференцијата Радичевиќ го изјави следното:

-Како што кажав и претходно, Јане Сандански“ оваа година ќе остане неосвен. Oдигравме одлично, во првиот дел доминиравме во вториот иако се опуштивме на крајот добро се заврши. Но, ова не е нашиот максимум и последен збор. Нека на наредниот меч бидат повеќе луѓе на трибините, нема уште долго да сме заедно.

Дибирова упати честитки за играта на нејзината екипа, за која следниот предивик е гостинскиот меч против Мец.

-Дуелите против Будуќност се големо дерби. Добро се подготвувавме. Бевме добри во првиот дел, во вториот дел тешко ја одржувавме разликата, поради честа ротација. Будуќност има млада екипа, која во иднина сигурно ќе биде подобра. Честитки до мојата екипа за прикажаната игра, имаме неколку дена пауза, но потоа оди фокусот на Мец, нашиот нареден противник во елитата.