Monday ,02 December 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки покажаа класа, Будуќност повторно со “наведната глава“ во Јане Сандански
Вардарки покажаа класа, Будуќност повторно со “наведната глава“ во Јане Сандански

Вардарки покажаа класа, Будуќност повторно со “наведната глава“ во Јане Сандански

Денес  во С.Ц. Јане Сандански се сретнаа  екипите на Вардар и Будуќност во дуел од главната фаза во Лигата на шампионките. Црвено-црните избранички на  Ирина Дибирова во дуел во кој целосно доминираа над црнагорскиот тим триумфираа со резултат 31-24 (19-8).

000

Дуелот го отворивме со гол на Радичевиќ за 1-0 по само 100секунди игра, во 4.минута на семафорот во “Јане Сандански“ имаше резултатска симетрија 2-2. Вардарки беа поактивен тим во поле, на нашиот гол блескаше Лејно што ни овозможи да се одлепиме. Точно на средината од првиот дел во 15.минута водевме со високи 8-4, што беше “аларм“ за клупата на Будуќност да бара тајм-аут. Тоа не им помогна многу па ние со серија 3-0 во 19.минута се одлепивме на “плус седум“ односно 11-4. Дибиров во игра ги уфрли Ристова, Саздовска,  Хмирова и Петровиќ со цел да им даде минутажа и да го освежи тимот.  Ние додатно го зголемивме водството во продолжение , па во последните пет минути влеговме со 9 гола позитива, 16-7. Финишот од првиот дел беше рутина, ние ја зголемувавме и понатака предноста па на одмор заминавме со голема предност, на семафорот стоеше резултатот 19-8 во наша корист.

00

Вториот дел почна со погодок на Пенезиќ со кој поведовме со 20-8 по само 20сетина секунди ракомет во вториот период.  Будуќност успеја да ја намали нашата предност до крајот на првата третина од вториот дел па така по 10.минути игра тие намалија на 24-16. Следеше серија 3-1 на нашите девојки со која ние се одлепивме на 27-17 во 15.минута од дуелот и покажавме дека овој дуел ќе иде по наши ноти. Вардарки играа доминантно и во продолжение па така со голот на Лекич во 25.минута влеговме со двоцифрена предност, овој пат со 31-21. До крајот малку се опуштивме, но сепак повторно победивме со високи 31-24.

Прв стрелец кај нас беше Пенезиќ со 8 гола , на голот фантастична беше Лејно која повторно беше двоцифрена.