Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Осма последователна победа за ЖРК Вардар во супер-лигата, црвено-црните славеа на гостувањето во Гевгелија
Осма последователна победа за ЖРК Вардар во супер-лигата, црвено-црните славеа на гостувањето во Гевгелија

Осма последователна победа за ЖРК Вардар во супер-лигата, црвено-црните славеа на гостувањето во Гевгелија

Нема многу одмор за Вардарки кои после триумфот против Ларвик, вечерва одиграа натпревар во рамките на осмото коло од женската супер лига, каде стигнаа до својата осма последвателна победа. Избраничките на Дибирова ја совладаа Гевгелија на гостински терен, убедливо со резултат од 12:48.

Очекувано црвено-црните запиша нова победа во рамките на супер лигата, натпревар на кој немаа оголеми проблеми да стигнат до нови бодови. Уште по првото полувреме ги решивме сите дилеми околу конечниот победник, кога на одмор се замина со резултат од 8:21. Во вториот дел му дозволивме на противникот да постигне само четири голови, напротив Вардарки кои во секоја измината минута ја полнеа мрежата на Гевгелија. Во вторите 30 минути постигнавме повеќе голови, за на крајот да славиме убедливо со резултат 12:48.

Иако и на овој натпревар игравме со преполовен состав, немавме големи проблеми да стигнеме до нова победа. Најефикасни во денешниот триумф беа Чанаџија која постигна 12 голови, додека Лакрабер беше стрелец на 9 погодоци.

ЖРК Вардар: Кликовац 1, Саздовска 5, Лејно, Мицевска, Керамичиева 3, Чанаџија 12, Лакрабер 9, Хмирова 8, Петровиќ 3, Ристовска 7.