Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Совладана и Кожувчанка, пионерките на РК Вардар стигнаа до втората првенствена победа
Совладана и Кожувчанка, пионерките на РК Вардар стигнаа до втората првенствена победа

Совладана и Кожувчанка, пионерките на РК Вардар стигнаа до втората првенствена победа

Пионерките на ракометниот клуб Вардар стигнаа до својата втора победа, во рамките на пионерската лига од групата 1. Вечерва избраничките на Анжела Платон гостуваа во Штип, на екипата на РК Кожувчанка, овој меч се одигра во спортската сала во ООУ Тоше Арсов и заврши со триумф на Вардарки, со резултат 13:19.

Екипата на Вардар направи серија на стартот на натпреварот и поведе со 0:4, за домашниот тим да постигне три гола во серија и да го намали резултатот на 3:4. Стекнатото водство на почетокот на мечот, избраничките на Платон успеаа да го зачуваат до крајот на првото полувреме, кога на одмор заминаа со најголемите четири гоа разлика. Домашниот тим за момент ја намали негативата на еден гол (5:6), за до истекот на првите 20 минути, црвено-црните да направат серија од 1:4 и на полувреме да се замине со резултат од 6:10.

На стартот на вториот дел, екипата на Кожувчанка постигна два гола и го намали резултатот на 8:10, за веднаш Вардар да врати на ист начин и да ја има истата позитива од првото полувреме. Домашниот тим се обиде да се врати во натпреварот, но тоа не го дозволуваше Вардар, кој го направи решавачкиот исчекор кон победата, кога “побегна“ на најголеми шест гола разлика (10:16) по што тимот на Кожувчанка немаше сили за резултатска неизвесност. До крајот на натпреварот ги задржавме шестте голови разлика, за конечен триуф од 13:19.

Најефикасна во нашиот состав беше Борјана Коцева која постигна 6 голови. Ова беше втор триумф за оваа генерација на Вардар, која во првото коло на домашен терен ја совлада екипата на Делчево.

РК Вардар: Кратељ, Пешиќ 4, Колоска 2, Христоска,Борјана Коцева 3, Јолакоска, Ангеловска 4, Максимовска, Миланова, Радевска, Мирческа, Бојана Коцева 6.