Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар убедлив со Овче Поле
ЖРК Вардар убедлив со Овче Поле

ЖРК Вардар убедлив со Овче Поле

ЖРК Вардар денес ја пречека екипата на Овче Поле СУ во Круме Кепески. Вардарки дојде до победа со 33-19.

Гостите поведоа со 4-7 на изненадување на сите, ние брзо се вративме во игра и изедначивме на 10-10. На одмор заминавме со предност од 15-11 и најавивме победа. Во вториот дел од минута во минута ја градеа девојките предноста, која ја мина двоцифрена граница. Победивме со високи 33-19 во ова последното коло од сезоната во лигашкиот дел

Најефикасни во победничката екипа беа Ивона Трпевска со осум и Бојана Коцева со седум погодоци. Вероника Ѓорѓиевска одбрани 5 удара на оваа средба.