Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар ја заврши сезоната на 4-та позиција на табелата
ЖРК Вардар ја заврши сезоната на 4-та позиција на табелата

ЖРК Вардар ја заврши сезоната на 4-та позиција на табелата

ЖРК Вардар вчера го одигра последното коло од плеј-офот, воедно и последниот дуел за оваа сезона во лигата. На домашен терен ја совладавме екипата на Овче Поле СУ со 33-19.

Веќе е познато (иако има дуели за доигрување денес) на која позиција ја завршиме сезоната. Вардарки се 4-то пласирани на табелата по оваа сезона, пред нас се Ѓорче Петров, Куманово и Чаир. Имаме 25.бода на своето конто, влеговме во плеј-офот како второпласирани но неколкуте порази не ни дозволија да ја задржиме истата позиција. Во купот завршивме како „сребрени“ , го изенадивме Ѓорче Петров во полуфиналето, а во финалето бевме минимално поразени од ЖРК Куманово.