Женскиот ракометен клуб Вардар ќе одигра еден дуел од предвидените два за оваа рунда. Натпреварот со Чаир од 5.коло е одложен, па останува само мечот до 6.коло со тимот од Свети Николе.
Во недела, 11.октомври во малата сала при Спортскиот центар „Јане Сандански “ во Скопје ќе ја пречекаме екипата на РК Овче Поле. Дуелот кој е закажан со почеток во 13-00 часот ќе го судат: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов од Скопје.
По 4.кола ние заедно со тимовите на Куманово и Металург сме единствени со максимални 12.бода и го делиме врвот на табелата.