Избраниците на Стефче Алушовски, одигаа една од двете предвидени „контролки“ кои се на програмата пред дуелот против бундеслигашот, тимот на Флензбург. Протов германците играме идниот четврток по одложените две кола во ЛШ моравме да бараме спарниг-партнери во земјава.
Европскиот првак, Вардар попладнево беше подобар од тимот на РК Бутел Скопје. Победата дојде со седум гола позитива, односно со резултат 29:22. Црвено-црните момци имаа предност и по првиот период кој го добија со 14-11 во своја корист.
Веќе задутре, вардарци ќе имаат уште еден тест-дуел, на истиот ќе се соочат со градскот ривал РК Металур.