Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Пенезиќ во трите најдобри ѕвезди на колото во ЛШ и со четврти најубав погодок
Андреа Пенезиќ во трите најдобри ѕвезди на колото во ЛШ и со четврти најубав погодок

Андреа Пенезиќ во трите најдобри ѕвезди на колото во ЛШ и со четврти најубав погодок

Вардарки победија во Будимпешта, против ФТЦ во рамките на петтото коло од лигата на шампионите и на коло пред крајот на групната фаза го осигураа првото место на табелата. Заслужен триумф за црвено-црните кои имаа постојана предност во текот на целиот натпревар. Забележителна улога во добрите резултати и игри на Вардар има Андреа Пенезиќ која последните две сезони е најдобар стрелец во тимот. Таа беше најефикасна и во триумфот против ФТЦ, каде постигна вкупно девет голови.

Добрата партија против вицешампионот на Унгарија, ЕХФ ја награди со тоа што ја смести во трите најдобри ѕвезди на колото во ЛШ. (ВИДЕО) Освен тоа, Пенезиќ го има и четвртиот најубав гол на петтото коло во лигата на шампионите. (ВИДЕО).