Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пенезиќ во ТОП-5 листата на најдобри стрелци во ЛШ
Пенезиќ во ТОП-5 листата на најдобри стрелци во ЛШ

Пенезиќ во ТОП-5 листата на најдобри стрелци во ЛШ

Екипата на ЖРК Вардар со победа ја стартуваше новата групна фаза од Лигата на Шампионите, откако пред својата публика беа подобри од екипата на Мец. Најефикасни во нашиот состав беа Цвијиќ со 7 и Пенезиќ со 6 голови.

Токму Андреа Пенезиќ со овие погодоци се искачи на петтото место на листата на најдобри стрелци во ЛШ, во пресрет на денешните останати натпревари од најголемото ракометно натпреварување. Левиот бек на црвено-црните моментално има 43 постигнати голови, со кои се наоѓа во ТОП-5 листата на најефикасни играчи во ЛШ. Првото место е за Ивета Лузумова (Турингер) со 60 постигнати голови, додека второто место е за Кристина Неагу ( ЦСМ Букурешт) со 49 голови. На третата и четвртата  позиција се Вероника Кристиансен (Митјиланд) и Ким Наидзиниавициус (Битихајм) кои имаат идентични 47 голови зад своето име. Секако после одигрување на останататите мечеви од двете групи може да има промени, во однос на листата на најдобри стрелци.