Изминатиов викенд се комплетираше и третото коло од ЛШ во женска конкуренција. По три одиграни рунди, нашите девојки се наоѓаат на делба на првата позиција во нашата група со тимот на Ференцварош. Нашите девојки досега имаат скор од две победи и една нерешена средба.
По овие одиграни три рунди прв стрелец во ЛШ е сјајната наша ракометарка Андреа Пенезиќ. Пенезиќ досега има дадено 23 погодоци, и ја предводи водечката листа. Пенезиќ досега десет голови им даде на Астраханочка, осум на Ференцварош и пет на Лајпциг. Втор и трет стрелец во ЛШ се Корен Ригелуд од Ларвик со 22 постигнати голови и Ван Дер Хејде од Есбјерг исто така со 22.