Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Драгана Петковска е четвртата ракометарка од Вардар, која е избрана за најдобар играч во Македонската репрезентација

Драгана Петковска е четвртата ракометарка од Вардар, која е избрана за најдобар играч во Македонската репрезентација

vardarfans 00

Младинската репрезентација продолжи со настапите на Европското првенство во Валенсија. Во разигрувањето за пласман од 9-16 место, нашите девојки беа поразени од селекцијата на Србија(28:21). Слабата игра во второто полувреме, беше пресудна за овој пораз. На полувреме имавме предност од 10:12. После секој натпревар продолжува изборот за најдобар играч во двете репрезентации.

На вчерашниот меч наградата за најдобар поединец, ја доби голманката Драгана Петковска. Во претходнте три дуели на нашата селекција, вакви признанија добиваа и Нина Ладева, Ангела Тодоровска и Наташа Нолевска, кои доаѓаат од втората екипа на Вардар. Петковска од минатата сезона доби можност да биде вклучена во првиот тим, каде беше дел од голманското трио, заедно со Суслина и Лејно. На дуелот со Србија, Драгана имаше одличен настап на нашиот гол и забележа вкупно 18 успешни интервенции. Само во првото полувреме зад нејзиното име беа впишани 15 одбрани. Нашите “Вардарки“ продолжуваат успешно да не претставуваат на ова европско младинско првенство. Во ТОП 5 најдобри стрелци на Македонија, се наоѓаат четири девојки од ракометниот клуб Вардар. Денес од 17 часот се среќаваме со репрезентацијата на Хрватска.