Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Ангела Петровска: Покажавме дека можеме да победиме во Автокоманда, па не гледам причина зошто не би се радувале и денес
Ангела Петровска: Покажавме дека можеме да победиме во Автокоманда, па не гледам причина зошто не би се радувале и денес

Ангела Петровска: Покажавме дека можеме да победиме во Автокоманда, па не гледам причина зошто не би се радувале и денес

Денеска во спортската сала во населбата Автокоманда ќе се одиграат полуфиналните натпревари од ракометниот куп во Женска конкуренција. Во првото полуфинале ќе се сретнат екипите на Металург и Вардар Јуниор, додека другата двојка ја сочинуваат ЖРК Вардар и Куманово. Секако поинтересен и неизвесен ќе биде дуелот помеѓу Вардар Јуниор и Металург, кои оваа сезона одиграа веќе три натпревари. Еднаш веќе во истава сала, успеавме да го добиеме тимот на Металург, во рамките на супер лигата. Шансите за пласман во големото финале се подеднакви за двете екипи. Во пресрет на овој меч, своите очекувања од ова полуфинале на кратко за нашиот сајт ги сподели Ангела Петровска.

-Металург е благ фаворит во овој натпревар, имаат поискусна екипа и играат на домашен терен. Ние оваа сезона веќе еднаш покажавме дека можеме да победиме во Автокоманда, па не гледам причина зошто не би се радувале и денес. Расположението во екипата е на највисоко ниво, растеретени влегуваме во овај натпревар со огромна желба за надигрување. Нијанси ќе решаваат, ќе биде тоа израмнет натпревар до последен момент ,една топка, еден гол може да го решат победникот, изјави Ангела Петровска за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски