Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките на ЖРК Вардар посилни за две имиња, Ангелова и Стојанова го засилија шампионот
Пионерките на ЖРК Вардар посилни за две  имиња, Ангелова и Стојанова го засилија шампионот

Пионерките на ЖРК Вардар посилни за две имиња, Ангелова и Стојанова го засилија шампионот

Екипата која е пионерски и кадетски шампион, во средата ги започна подготовките. На сила се „базичните подготовки“, тимот предводен од Анжела Платон и Марија Папуџиева ќе има тешка задача во новата сезона да ги брани двата трофеа. Па поради тоа стручната фела во екипата се одлучи да се засили со две нови девојки.

33333333333333

Засилување имаме на крилната позиција, каде ново име е Теодора Ангелова, која ќе ја засили конкуренцијата. Таа е производ на академијата на Ракометниот клуб Вардар. На бековските позиции имаме исто така едно ново име, станува збор за Сара Стојанова која покрај на левата може да игра и на централата бековска позиција. Таа  ја подобрува ротацијата во надворешната лигина, истиот играч доаѓа од Струмица.