Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > И пионерките на Вардар обезбедија 1/2-финале на меѓународниот турнир “Трофеј Белград„
И пионерките на Вардар обезбедија 1/2-финале на меѓународниот  турнир “Трофеј Белград„

И пионерките на Вардар обезбедија 1/2-финале на меѓународниот турнир “Трофеј Белград„

Ни пристига уште една убава вест од главниот град на соседна Србија, по пласманот на момците и пионерките на РК Вардар ќе играат полуфинале  на силниот меѓународен  турнир “Трофеј Белград„. Исто како и машките и избраничките на Анжела Платон и Марија Папуџиева обезбедија место во дуелот за распределба на медали како лидери во групата во која настапија.

Вчера нашите девојки тргнаа со една победа и еден пораз, но тоа не ги демотивираше денес да покажат карактер. Нашите најмлади ракометарки победија на натпреварот  со Крка во кој доминираа максимално. Ниту еднаш за времетрањето на целиот натпревар не се затресе нашата мража, а погодивме 18 пати, триумфирајќи со високи 18-0.
Во вториот дуел денес, имавме посилен противник домашниот тим на ЖРК Црвена Звезда. Во една интересна средба успеавме да наметнеме игра и да победиме со три гола позитива. Српскиот тим го совладавме со 14-11 и обезбедивме полуфинале.

Во полуфиналето се сретнуваме со тимот на РК Белград, истото се игра денес, петок, со почеток во 16 часот и 30 минути.