Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките на Вардар одиграа “реми“ во дуелот со РК Велкова-5
Пионерките на Вардар одиграа “реми“ во дуелот со РК Велкова-5

Пионерките на Вардар одиграа “реми“ во дуелот со РК Велкова-5

Денес во салата “Кале“ се сретнаа во дуел од женската пионерска лига( група-1) екипите на Вардар и РК Велкова-5. Во овој дуел од 5.коло во пионерската лига двата тима кој се предводени од легендарното пикерско дуо од “златните времиња„ на македонската женска репрезенација и Кометал Ѓ.П ги поделија бодовите. Вардар кој е предвосен од Анжела Платон и гостинскиот тим од Милева Велкова одиграа 14-14 (6-8).

h

Натпреварот со два последователни гола го отворија нашите девојки кои поведоа со 2-0 на стартот на оваа пионерска пресметка. Денес се играше дуел со малку погодоци, но со многу борба и жар од страна на двете екипи. Некаде на средината на првиот дел по постигнати три гола во двете мрежи на семафорот во “Кале“ стоеше 5-3 за црвено-црните.  Девојките на Велкова го добија вториот период со серија 1-4, успеаа да влезат во финишот првпат со предност односно поведоа со резултат 6-7. До крајот ние не реализиравме во напад, а тие казнија и на одмор заминавме со два гола негатива. На семафорот во спортската сала “Кале“ за време на паузата стоеше 6-8.

h3 h2

Вториот дел идентично како и првиот, го почнавме ние со два последователни гола во мрежата на гостинскиот пионерски состав, успеваjќи веќе на почетокот да ја вратиме резултатската симетрија на семафорот, 8-8. Се играше цврсто со малку погодоци па на средината од полувремето на резултатот беше реми, 10-10. Следеше тајм-аут за гостинскиот тим кој многу и не им помогна, нiе со серија 3-1 успеавеме да се одлепиме на “плус два“, 13-11. Во моментите кога требаше да ја потврдиме победата не ни одеше најдобро во нападот па гостинот искористи и со три последователно погодока успеа да поведе со 13-14 на половина минута до крајот од дуелот. Имавме последен напад во кој одигравме паметно по одлична комбинација погодивме за 14-14 на 15секунди до крајот. Се обидовме со “висок пресинг“ да ја одземем топката и да направиме пресврт, но немаше доволно време. Кај нас најефикасни беа Борјана Коцева и Ангеловска Ива со постигнати по пет погодоци во мрежата на противникот.

h5

Вардар: Пешиќ 1, Крагаљ, Коловска , Кристовска, Борјана Коцева 5, Јолаковска, Ангеловска 5, Максимовска 2, Миланова, Радевска, Мирчевска, Коцева Бојана 1.

Тренер: Анжела Платон