Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Жрк Вардар и Јан Питлик спогодбено го раскинаа договорот
Жрк Вардар и Јан Питлик спогодбено го раскинаа договорот

Жрк Вардар и Јан Питлик спогодбено го раскинаа договорот

Нашиот женски ракометен шампион и Данскиот стручњак Јан Питлик спогодбено го раскинаа договорот, така што Питлик повеќе нема да го гледаме на клупата на Вардарки. Иако неговиот договор со клубот беше до јуни 2017 година, првично беше објавено дека ќе остане до крајот на оваа сезона, сепак поради семејни причини Питлик се враќа порано во својата земја. Во наредниов период треба да биде решено кој ќе го замени на позицијата помошен тренер на Индира Кастратовиќ.

-Клубот секогаш им излегувал во пресрет на играчите и членови кои изразиле желба за предвремено заминување. Овој пат заеднички со нашиот консултант Јан Питлик се договоривме наместо на лето, спогодбено да го раскинуваме договорот, и истиот да стапи на сила веднаш, давајќи му можност за моментно заминување, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар за официјалната страна на клубот.