Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Две актуелни и две поранешни ракометарки на Вардар, ја носеа Франција до светската титула

Две актуелни и две поранешни ракометарки на Вардар, ја носеа Франција до светската титула

vardarfans

Женската репрезентација на Франција успеа да стане светски шампион, на неодамна завршеното светско првенство во Германија. Тие успеаа во големото финале да ја симнат од тронот Норвешка, која до тој момент беше актуелен европски и светски шампион.

Интересно е тоа што во оваа селекција на Франција имаше по две актуелни и поранешни ракометарки на Вардар. Моментално дел од клубот се Амандин Лејно и Александра Лакрабер, додека од поранешните, на овој мундијал за Франција настапија Алисон Пино и Сираба Дембеле.

vardarfans-dembele

Сите четири имаа голема заслуга за освоениот златен медал, а поранешното лево крило на Вардарки, Дембеле беше избрана во идеалниот тим на СП. Лејно е можеби сигурно една од најзаслужната за овој успех, додека свој придонес имаа и Лакрабер и Пино. Во Вардар стана традиција последниве пет години да настапуваат репрезентативки во Франција, дали ќе продолжи и во следните години, останува да видиме.