Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО) Избраничките на Драгана Пецевска , кадетките на Вардар триумфално ја почнаа сезоната

(ФОТО) Избраничките на Драгана Пецевска , кадетките на Вардар триумфално ја почнаа сезоната

kadetki-zrk

Вчера во спортско рекреативниот центар “Кале“ се одиграа двата деби дуели на кадетките на Вардар. Во двата остваривме победа во првото коло.  Во група 1, екипата на Вардар со 33-12 го победи тимот на Вардар Неготино, а во група 2, Вардар СЦЈС беше подобар од Стружанка и славеше со 25-11 (види).

kadetki-zrk-5

Покрај победата на Вардар СЦЈС која беше висока, уште поубедливо беше таа на Вардар  кој се сретна со екипата со исто име Вардар  од Неготино. Дуелот го започнавме   со водство од 2-0 одкако погодивме во првите напади. Нашите кадетки имаа водство од 6-2, кое потоа се зголеми на 13-4, а на полувреме имавме и двоцифрена предност, 22-5. Тука се беше јасно и веќе се беше решено на овој прв кадетски дуел за нас . До крајот на средбата тренерот Драган Пецевска можеше да им даде шанса и на другите, па и покрај комбинираниот тим, предност се зголеми на „плус 19″ за Вардар, чии ракометарки славеа со 33-12. Вардар –  Трајковска, Гроздановска 2, Арсова 1, Дамјановска 2, Крстевска, Гонзалес 1, Ѓорѓиевска 3, Донева 4, Петковска 1, Станчева, Насковска 1, Косовиќ 3, Миновска 7, Седлоска 6, Коларовска 2, Јаковчевска.

kadetki-zrk-2 kadetki-zrk-3 kadetki-zrk-4