Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките со 2/2 на стартот, победа кај ЖРК Илинден
Кадетките со 2/2 на стартот, победа кај ЖРК Илинден

Кадетките со 2/2 на стартот, победа кај ЖРК Илинден

Во втората средба за нив ова есен, кадетките на ЖРК Вардар гостуваа кај тимот на ЖРК Илинден во истоимената скопска населба. Избраничките на Платон Анжела и Папуџиева Марија дојдоа до втора победа сезонава, на денешниот меч триумфиравме со резултат 14-26 (6-10).

На почетокот на оваа кадетска средба во населбата Илинден ние поведовме со 0-1, потоа се играше рамноправно негде до средината на првиот дел. Двата тима постигнаа по идентичен број на болови по четири во противничкиот гол, за минимална негатива на домаќинот во однос на вардарки од 4-5. Потоа започнаа нашите минути ја подобривме играта во одбраната, во напад бевме поубоити па успеавме да заминеме на пауза со четири погодока плус, односно со резултат 6-10.

.
Избраничичките на Јанев успеаа со два врзани гола на стартот да ја преполоват нашата предност и да внесат неизвесност, тие намалија на 8-10. Сепак по овој момент како да ги налутија нашите девојки, тие влегоа во серија 1-6 и се одепија на високи седум плус, на семафорот во салата „Гоце Делчев“ стоеше резултат 9-16. По овој момент се беше решено, Платон и Папуџиева дадоа прилика на сите девојки на денешниот меч. До крајот на пет гола на илинденки, нашите девојки одговорија со „двојна мера“ односно постигнаа десет погодоци. Ние до втората кадетска победа оваа есен дојдовме со резултат 14-26.

Максимовска Наталија беше прв стрелец со 7 гола, Сара Стојанова даде 5.погодоци. Покрај нив стрелаа: Миа Маринчов 2 гола, Мила Крагељ 2 гола, Магдалена Тошевска 2 гола, Ангела Шехтанска 2 гола, Теодора Ангелова 3 гола, Андреа Миланова 2 гола и Бојана Радевска 1 гол.
Имавме одлични голмани оваа вечер, Вероника Ѓорѓиевска впиша 9 одбрани (1 пенал), а најмладата во овој тим Тамара Ѓорѓиева забележа 6 одбрани.