Вардар лесно и високо го совлада тимот на ЖРК Чаир во дуел од младинската лига кој се одигра попладнево во “Јане Сандански“. Девојките на Симовски и Царчев дојдоа до победа со резултат 42-18 во меч во кој доминираа во сите аспекти на ракометата игра.
Првиот дел започна со наше водство со 2-0, на кое противникот одговори со еден погодок за преполовување на истото. Броевме до седум, поведувајќи со 7-1, по што чаирчанко кончено го постигнаа својот втор гол за 7-2. Доминиравме на теренот па успеавме да наметнеме наша игра, во целост влегувајќи во пеколна серија 10-0, казнувајќи пред се од контри за предност до 15 гола, 17-2. По овој момент па до пред крајот на првиот дел се се играше гол за гол на двете страни, нашата предност беше голема па во последните моменти влеговме со 23-8 откако двата тима постигнаа по шест гола. Ние успеавме да погодиме во финишот и да заминеме на одмор со резултат 24-8.
Вториот период започна со по еден гол на двете стани за почетно 25-9. Сликата во овие втори 30.минути на паркетот во малата сала при Спортскиот центар Јане Сандански беше иста како и во поголем дел од првиот период. Ние доминиравме од минута во минута ја зголемувавме предноста па пред финишот поведовме со дури 20 гола, односно со резултат 38-18. Но и тука нашите девојки не застанаа во последните минути им “испорачаа“ уште четири погодоци на гостинките за победа со резултат 42-18.
Вардар: Трајкоска 9одб, Божиновска 3, Дамјановска 3, Џатевска 3, Ангеловска 1, Илиќ 10 одб, Трпевска 6, Гроздановска, Костивиќ 2, Диневска 6, Миновска 4, Седлоска 5, Јаковчевска 2, Стаменова 3, Васевска 2 и Николиќ 2.
Тренери: Симовски и Царчев