Избраничките на Индира Кастратовиќ денес одиграа меч во лигата на шампионите во гости кај Букурешт. Црвено-црните успеаа да победат со резулат 25-30, со што обезбедиа сигурно 1/4 финале.
Вардарки први го отворија мечот со погодок во 2 минута, а домаќинките веќе во следниот напад изедначи на 1-1. Потоа следеше серија 0-3 за црвено-црните за резулат 1-4 по што тренерот на домаќините Ким Расмусен повика минута одмор. Сепак тоа не помогна многу добро одиграна одбана на вардарки, а Радичевиќ од контра зголемува на 1-5. Романките се враќаат во мечот со серија 3-0, и намалуваат на 4-5 во 12 минута. Во следните 3 минути вардарки се враќаат повторно со серија 4-1, резултатот во 16минута е 5-9. Во следните пет минути двете екипи постигнаа по три погодока, за резулат 8-11 во 20 минута од мечот. Вардарки прават серија 1-4, во 26 минута со голот на Лекиќ од пенал зголемуваме на 9-15. Вардарки се одбраниа, а веќе во следниот напад Лекиќ стрела за 9-16. На одмор да се замине со извонредни шест плус, 11-17. Одличена беше Суслина која беше двигател на создавањето на оваа предност.
Вториот дел започна со погодок на Родригез за намалување на водството на нашите девојки 12-17. Во следните пет минути се игра гол за гол, во 37 минута резултатот е 16-20. Лејно во вториот дел ја замени Суслина и ја продолжи одличната серија за нашите голмани. Во продолжението повторно игра гол за гол резулатот е 20-23 во 17-минута. Кастратовиќ повикува тајмаут со цел да не дојде до топење на предноста, тоа веќе во следниот напад даде плод Черноиваненко погодува за 20-24. Романките од пенал ги стопира Суслина која влегува само за седмерецот, а Алхаус тоа го наградува со погодок по што Ким повикува минута одмор. Домаќинките се обидуваат да се вратат во мечот намалуваат на 22-25, но Лекиќ ја враќа предноста со прекасен погодок. Романките намалуваат на 23-26, но вардарки дават два гола по ред, со голот на Кликовац во 28 минута зголемуваме на плус пет, 23-28. Докрај девојките рутинирано го доведоа мечот до крајот и однесоа победа од 25-30.
Најефикасни кај нас беа: Андреа Лекиќ со девет погодока и Андреа Пенезиќ која стрелаше седум пати.