Нашите млади девојки овој викенд гостуваа во Свети Николе кај тимот на ЖРК Овче Поле. Иако нашите ракометарки тргнале лошо и имале негатива, сепак на крај го добиле овој натпревар од деветтата рунда во првата женска ракометна лига. Овче Поле на стартот имал предност од 4-0, но потоа работите си дошле на свое место. Во вториот дел нашите млади девојки додале во нова “брзина” за на крај убедливо да го добијат и овој натпревар и да им се вратат на победите, по неуспехот минатата недела против Металруг на домашен терен.
Овче Поле – Вардар СЦЈС 19-33 (12-15)
Овче Поле:Димова, М. Далевска 2, К.Далевска, Димчева, Мишева, Манева, Лазарова, Давиткова 2, Анчева 2, Китановска 4, Нацева 1, Стојанова 4, Атанасова 4.
ВАРДАР СЦЈС: Белмезова, Прленда 5, Стојановска 1, Трпковска 2, Ѓеоргиевска 7, Николова 2, Митова, Бојациска 2, Тодорова, Мицевска, Нолевска 6, Керамитчиева 2, Мишевска 1, Божиновска 2, Гичевска 2, Велкова 1.
Тренер: Симе Симовски