ЖРК Вардар по втор пат за две недели го победи рускиот тим на Астраханочка. Нашите девојки овој натпревар го добија на убедлив начин победувајќи со резултат 39: 25. По натпреварот новиот тренер на ЖРК Вардар Давид Дејвис, и најефикасната ракометарка Јованка Радичевиќ, на пресс изјавија:
„Честитки за фер и коректната игра на Астраханочка. Победивме, но не смее да летаме, зашто она за што се подготвувавме е ФТЦ Будимпешта и сигурно е дека во Унгарија ќе ни биде многу тешко. И овој натпревар сакавме да го искорисиме за што подобро да се подготвиме за ФТЦ. Имаше и добри работи, но имавме и многу грешки во одбрана. Одиме чекор по чекор. Сите мислиме „Уау” ја победивме Астраханочка со голема разлика, но треба да одиме полека, да се смириме, не смееме да летаме зашто квалитетот на Вардар е да игра финале во Будимпешта, а не да победуваме екипи што на хартија се послаби од нас” – Јованка Радичевиќ
„Да им честитам на Астраханочка, играа супер одбрана. Многу блиску како ние. Имаат многу добри млади играчи и оваа екипа сигурно ќе расте. Да им честитам и на моите играчи. Игравме многу добро, но имавме и многу грешки. Мислам дека бевме уморни, но можеме да трчаме и повеќе. Имаме многу натпревари и треба сите да бидат спремни. Задоволен сум од играта. Имавме многу измени, и измени на систем, и полека ќе се вратиме како што игравме и минатата сезона. Денеска беше прв чекор. Беше добро ама мора да биде многу подобро” – Давид Дејвис