Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (Видео) „Лавиците“ убедливи со КЛ7, најверојатно во јуни ги очекува лигашки предизвик
(Видео) „Лавиците“ убедливи со КЛ7, најверојатно во јуни ги очекува лигашки предизвик

(Видео) „Лавиците“ убедливи со КЛ7, најверојатно во јуни ги очекува лигашки предизвик

Денес, кадетската екипа на женскиот ракометен тим „Вардар“ одигра по подолго време контролен-дуел. Ние гостувавме кај тимот на КЛ-7 во салата „Криме Кепески“ во скопската населба Кисела Вода. Во текот на целиот натпревар доминиравме, нашата клупа даде шанса на целиот ростер на оваа средба. Победата беше убедлива, изразена со двоцифрена предност,  10-сетина убави погодоци на нашите девојки може да погледнете на нашиот инстаграм-ТУКА!

Се уште не официјално и до крај не потврдено, но голема е шансата во текот на идниот месец, јуни, девојките на Анжела Платон и Марија Папуџиева да играат  првенствени натпреври во кадетска и младинска лига. Се уште не е дефинирано детално, дали ќе биде турнир-систем или убрзани кола, во крајна линија и дали ќе се реалиизира, но има желба од федерацијата за реализација на истото. Останува да видиме, наскоро штом ќе бидат познати првите детали ќе ве информираме.