Младинките на ЖРК Вардар вчера гостуваа кај тимот на Сани 14, вардарки на дуелот во Јане Сандански победија убедливо со 23-45.
Ние поведовме на стартот, а домаќинот изедначи на 1-1, охриѓани беа рамноправни со нас се до 5-5. По овој момент ние доминирме на теренот, до крајот на првиот дел постигнавме дури 20.гола во мрежата на ривалот, а дозволивме само 6.гола во нашата. На одмор заминавме со двоцифрена предност, односно со резултат 11-25.
Вториот дел го отворивме со серија 0-4, по која водевме со 18.гола повеќе, 11-29. Се до крајот беше формалност нашата предност раснеше од минути во минута, победа дојде со високи 23-45.
Голманите беа фантастични, Вероника Ѓорѓиевска и Марија Галачева сопреа по 15.удари. Михаела Велјаноска беше прв стрелец со 8.гола, Коцева Бојана и Сара Стефановска имаа по 6.погодока, а 5.гола беа дело на Ангелова Теодора.