Душан Бојовиќ и Христијан Јевтоски отпатуваа со репрезентацијата на Македонија до 15 години, која во претстојниов период ќе настапи на силен меѓународен турнир во Италија.
На турнирот ќе се натпреваруваат вкупно 12 репрезентации поделени во четири групи. Македонија е дел од групата А, во која се и репрезентациите на Италија и Мексико.
На 26.април играме со домашната репрезентација на Италија, додека на 27.април ќе ги одмериме силите со Мексико. Ова ќе бидат силни тестови за репрезентацијата која е предводена од Раде Каранфилоски и Сашо Тодоровски.
Од нашиот клуб повикан беше и Данило Делев, кој поради настинка мораше да го откаже настапот на овој турнир.