Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО) Димитриевска, Спасевска и Ристовска добија поединечни награди на Ф4 турнирот во “Јуниор“ лигата, кај генер. 2004/05
(ФОТО) Димитриевска, Спасевска и Ристовска добија поединечни награди на Ф4 турнирот во “Јуниор“ лигата, кај генер. 2004/05

(ФОТО) Димитриевска, Спасевска и Ристовска добија поединечни награди на Ф4 турнирот во “Јуниор“ лигата, кај генер. 2004/05

Екипата на Кале од Кичево успеа да освои две први места на завршниот турнир во “Јуниор“ лигата, кој изминатиов викенд се одвиваше на Кале. И во двете возрасни генерации, родени 2004/05 и 2006/07 девојките од Кичево беа подобри од екипата на Делчево. Кај генерацијата родени 2004/05 неизвесно беше во големото финале помеѓу Кале-Кичево и Делчево-Вардар, кое на крајот им припадна на РК Кале и тоа минимално со резултат од 14:13. Третото место му припадна на тимот на РК Вардар-Виница, кој исто така во неизвесен дуел ја победи екипата на Опш.Кисела Вода (13:12) и го освои бронзениот медал. По одигрување на завршните мечеви во оваа возрасна категорија се пристапи кон доделување на медалите и трофеите, како и поединечните награди за најдобар стелец, играч и голман на Ф4 турнирот.

vardarfans-1

Две од наградите завршија во рацете на ракометарките од Кале-Кичево, додека една оди кај тимот на Делчево. Најдобриот стрелец на Ф4 турнирот е од екипата на Делчево и тоа за Теника Спасевска.

vardarfans-3

За најдобар играч или МВП е прогласена Ева Димитриевска, додека признанието за најдобар голман заврши во рацете на Наталија Ристовска и двете од шампионската екипа на Кале-Кичево.

vardarfans-4 vardarfans-2