Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лејно: Многу ракометарки се емотивни и сакаат да ја освојат Лигата на шампионите, како крај на оваа прекрасна авантура во Вардар
Лејно: Многу ракометарки се емотивни и сакаат да ја освојат Лигата на шампионите, како крај на оваа прекрасна авантура во Вардар

Лејно: Многу ракометарки се емотивни и сакаат да ја освојат Лигата на шампионите, како крај на оваа прекрасна авантура во Вардар

Вардарки по петти последователен пат успеаа да обезбедат пласман на завршниот турнир во Будимпешта. Со оглед дека ова е последна сезона за генерацијата на ракометарки кои изминативе пет години го носеа црвено-црниот дрес, ова ќе биде последна шанса да се стигне до Европската титула. Меѓу нив е и голманката, Амандин Лејно која е присутна од самиот почеток на овој голем проект. Французинката истакна дека желба на сите девојки е со трофеј од ЛШ да се простат од Вардар и Скопје

-Тажна сум поради тоа што морам да си заминам, навистина го сакам градот и овој клуб. Затоа ќе се обидам да уживам во последните моменти во овој дрес најдобро што можам. Се обидувам да бидам смирена, но секој си има свој начин на кој што се справува со оваа ситуација. Многу ракометарки се емотивни и сакаат да ја освојат Лигата на шампионите, како крај на оваа прекрасна авантура.

vardarfans-zrk-vardar

Вардарки имаа само еден и единствен пораз до пласманот на Ф4 во Будимпешта и тоа од екипата на Мец. Минатата година, Вардар пропушти голема прилика да ја освои Лигата на Шампионите, но Лејно верува дека тоа може да се случи токму претстојниов викенд кога ќе се одигра завршниот турнир.

-Одигравме одлично во првиот дел од сезоната, но кога слушнавме за состојбата на клубот од наредната сезона нашето ниво на игра за нијанса падна. Тоа ни донесе лоши резултати во вториот дел од сезоната, но и покрај тоа победувавме и го одржавме победничкиот дух за завршницата. Минатата година бевме блиску до титулата, но несреќниот пораз од Ѓер навистина не погоди и ни донесе големо разочарување. Имавме проблеми во текот на сезоната, но во нас има ентузијазам во пресрет на турнирот во Будимпешта и зошто да не, за историска титула во Лигата на шампионите.

Вардар против Ростон Дон во сабота ќе игра во вториот термин, со почеток од 18:00 часот. Следниот ден се големото и малото финале, по што ќе дознаеме новиот владател на Европа.